Музејот на Народната банка се грижи и ги чува следниве предметни збирки:


  • збирка пајонски монети;
  • збирка антички македонски монети;
  • збирка антички грчки монети;
  • збирка келтски монети;
  • збирка илирски монети;
  • збирка римски републикански монети;
  • збирка римски империјални монети;
  • збирка римски провинцијални монети;
  • збирка византиски монети;
  • збирка монети на средновековните балкански држави;
  • збирка венецијански монети;
  • збирка псевдопарични форми, медали, пломби и ексагии;
  • збирка отомански монети;
  • збирка модерни пари.

Еден дел од монетите се изложени во рамките на камерната, а друг дел во рамките на постојаната музејска поставка.