достапно само на англиски јазик
Автор: Мите Митески
достапно само на англиски јазик
Влијанието на дознаките врз економскиот раст во регионот на Централна и Југоисточна Европа
Земјите од Централна и Југоисточна Европа (ЦЈИЕ) се значајни нето-приматели на дознаки, што главно е резултат на засилениот тренд на емиграција којшто се јави по нивната транзиција кон пазарни економии. Фактот дека овие земји се меѓу највисоките приматели на приватни дознаки во Европа укажува на тоа дека ваквите финансиски приливи потенцијално би можеле да имаат значително влијание врз поттикнувањето на нивниот економски раст. Оттука, главната цел на овој труд е емпириски да ја истражи врската помеѓу економскиот раст и дознаките во избрана група од дванаесет земји од ЦЈИЕ. Емпириското истражување беше спроведено со користење на статични панел модели со ненабљудувани ефекти. Поточно, се изврши оценка на моделите на фиксни и случајни ефекти со примена на Коб-Дагласовата методологија, во чии рамки беа вклучени дознаките како главна варијабла од интерес, покрај стандардните детерминанти на економскиот раст. За таа цел, беше користен неврамнотежен панел на податоци добиени од базата на податоци на Светската банка. Емпириските наоди покажаа дека дознаките навистина имаат позитивен и значаен директен ефект врз економскиот раст во анализираната група земји, заедно со некои од другите стандардни фактори на раст, како што се физичкиот и човечкиот капитал. Овој заклучок упатува на потребата од спроведување соодветни стратегии од страна на носителите на политиките со цел за да се максимизираат утврдените позитивни ефекти.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРСМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}