Народната банка применува напредни практики во однос на транспарентноста и ужива висока доверба од јавноста, благодарение на водењето на конзистентни политики кои овозможуваат макроекономска стабилност. Ова се наведува во Извештајот од мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), спроведена во рамки на Кодексот на транспарентноста, а објавен на 28 јануари 2022 година.
Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи оцена на применуваните практики за транспарентноста, со предвидените принципи во рамки на ревидираниот Кодекс на транспарентноста на ММФ, донесен во јули 2020 година. Оваа оцена беше направена на иницијатива на Народната банка, со што се потврдува континуираната заложба на банката за унапредување на транспарентноста во работењето.
Согласно наодите од Мисијата на Фондот, од вкупно 90 принципи за транспарентност, за 42 принципи Народната банка применува посеопфатни практики од бараните, додека 32 принципи се во рамки на барањата на кодексот. Останатите принципи, како што констатираше Мисијата, не беа во опфат на оценката, имајќи предвид дека транспарентноста во делот за банкарско работење и пазарнатa инфраструктура се оценува со други стандарди, додека за принципите во однос на заштита на потрошувачите Народната банка сеуште нема законски мандат.
Високата усогласеност на практиките кои ги применува Народната банка со предвиденото во Кодексот, се значајна потврда за заложбите на Народната банка во изминатиот период за унапредување на комуникацијата, транспарентноста во работењето, а со тоа и кредибилитетот на институцијата во јавноста.
- Кодекс за транспарентност на централните банки ММФ: Извештај за Народната банка
- Извештаи за транспарентност на централните банки на ММФ
- Транспарентност
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}