24 сесија на Клубот на истражувачите
На 2 март 2017 година во Народната банка на Република Македонија беше одржана 24 сесија на Клубот на истражувачите на која беше презентиран трудот „Исламско банкарство и неговите перспективи“ од авторите д-р Сашо Кожухаров, д-р Јана Илиева и д-р Наташа Ристовска. Трудот содржи анализа на спецификите на исламското банкарство, во контекст на перспективите за неговиот развој на европскиот континент.
Според авторите, исламското банкарство постепено прерасна во најбрзорастечки модел на финансирање, со исклучително развиени центри не само во арапскиот свет, туку и во Европа и Азија. Темелните принципи на овој вид банкарство се изведени од основните принципи на шеријатот и ставаат значителен акцент на етичката, моралната, социјалната и религиската димензија на трансакциите заради постигнување поширока придобивка за општеството во целина. Во таа смисла, основата на исламското банкарство е забраната за давање или земање камата во каков било облик. Работата на исламските банки се заснова врз поделба на профитот и на други дозволени облици на отворање трансакциски и инвестициски депозити. Исламските финансиски активности покажаа значителен раст во текот на изминатите децении, а се предвидува дека трендот на раст ќе продолжи со истото темпо во иднина. Овој специфичен банкарски сегмент е системски важен во многу земји од различни региони во светот, а важно е неговото присуство и во некои европски земји, како на пример Велика Британија и Швајцарија. Сепак, и покрај брзорастечкиот тренд на исламското банкарство и на исламскиот финансиски систем, авторите на трудот заклучуваат дека исламскиот пазар на пари е сѐ уште релативно неразвиен во однос на конвенционалниот и дека е во доста неповолна положба, поради законските регулативи коишто се повеќе наклонети кон конвенционалното банкарство.
Кабинет на гувернерот
|
Галерија на фотографии од 24. сесија |
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}