На 18 декември 2017 година, Народната банка на Република Македонија и останатите регулатори на финансискиот систем, во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа, ја организираа трета по ред работилница за новинарите од економските редакции.
На 18 декември 2017 година, Народната банка на Република Македонија и останатите регулатори на финансискиот систем, во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа, организираа работилница за новинарите од економските редакцииНа 18 декември 2017 година, Народната банка на Република Македонија и останатите регулатори на финансискиот систем, во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (European Fund for Southeast Europe - EFSE), ја организираа трета по ред работилница за новинарите од економските редакции на печатените, телевизиските и електронските медиуми. Темата на овогодинешната работилница е „Правилно читање и толкување на извештаите на Народната банка на Република Македонија и на другите регулаторни институции“.

Целта на работилницата е да се подигне нивото на финансиска писменост кај населението на Република Македонија, покрај другите активности, и преку соработката со новинарите од економските редакции коишто ја информираат јавноста за најновите движења и состојби од областа на економијата. За време на работилницата новинарите добија можност да разменат мислења на дадената тема со стручни лица од Народната банка и од останатите регулатори на финансискиот сектор. На работилницата се дискутираше за: монетарната политика во извештаите на Народната банка (годишни, квартални, месечни информации), монетарните инструменти, домашните финансиски пазари и управувањето со девизните резерви во извештаите на Народната банка (годишни и периодични информации), платните системи во извештаите на Народната банка, Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија и за Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија. Во дискусијата беа опфатени и извештаите на останатите регулаторни институции, односно на Министерството за финансии на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување претставени преку следните теми: извршување на Буџетот на Република Македонија, податоци за јавниот долг, финансиското известување на пазарот на хартии од вредност, и Извештајот за пензиска заштеда.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}