Скопје, 31 октомври 2025 година
Наградени ученици на Конкурсот за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето − 31 октомври
На Конкурсот објавен за учениците од основното образование на тема: „ Да штедиме за нашите желби, да штедиме за нашата иднина“ пристигнаа вкупно 565 ученички труда, од кои 94 литературни творби – песни, 104 литературни творби – раскази и 367 ликовни творби – цртежи.
На Конкурсот објавен за учениците од средното образование на тема: „ Штедењето, парите и финансиските услуги во современата дигитална ера“, во предвидениот рок, пристигнаа 53 есеи.
На Конкурсот пристигнаа голем број трудови коишто се одликуваат со солиден квалитет, креативност и автентичен стил на изразување, како и познавање на темата за штедењето, значењето на финансиската писменост и познавање на предностите, но и ризиците при користењето на финансиските производи и услуги во современото дигитално време.
Во врска со наведениот конкурс, го објавуваме списокот на наградените ученици, по одделни категории.
Во оваа прилика им благодариме на сите учесници, а на наградените им честитаме!
Во категоријата ликовни творби на учениците од 1. до 5. одделение:
Александар Гоговски, V одд., ООУ „Славејко Арсов“ – Штип;
Иринеј Кирилин, III одд., ООУ „Никола Карев“ – Кочани;
Ајан Незири, V одд., ООУ „Имри Елези“ – Скопје.
Во категоријата ликовни творби на учениците од 6. до 9. одделение:
Тифани Михајловска, IX одд., ООУ „Васил Главинов“ – Велес;
Миа Најдовска, IX одд., ООУ „Ристо Крле – Скопје;
Илина Ристовски, VII одд., ООУ „Вера Јоциќ“ – Скопје.
Во категоријата литературни творби ‒ песни на учениците од 1. до 5. одделение:
Ива Ристовска, III одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Скопје;
Михаил Гиговски, IV одд., ООУ „Григор Прличев“ – Скопје;
Ведран Веселиновски, V одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје.
Во категоријата литературни творби ‒ раскази на учениците 6. до 9. одделение:
Усеин Зеќири, IX одд., ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје;
Лука Вељановски, VI одд., ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје;
Рита Сулејмани, VI одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово.
Во категоријата литературни творби ‒ есеи на учениците од средното образование:
Марија Дивјакоска, II-1 година, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје;
Филип Билбилоски, СОУ „Гостивар“ – Гостивар;
Андреа Петреска, II година, СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.