Скопје, 30 декември 2024 година
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи во висина од 1,75%. Ваквата одлука е донесена врз основа на редовната квартална преоцена на системските ризици, којашто ги опфати податоците за третиот квартал од 2024 година, вклучително и последните расположливи податоци. Притоа се заклучи дека кредитирањето забрзува во услови на олеснување на кредитните услови и зголемување на побарувачката на кредити, така што растот на годишна основа во третиот квартал изнесува 7,5% и е повисок од растот од 6,5% на крајот од вториот квартал во 2024 година, но соодносот помеѓу кредитите и бруто домашниот производ и натаму е под неговиот долгорочен тренд. Растот на цените на становите во третиот квартал од 2024 година забави и изнесуваше 8,0% на годишна основа, но и натаму има умерено висока вредност и е над долгогодишниот просек.
Банкарскиот систем е стабилен, со соодветна и стабилна солвентност и ликвидност, добар квалитет на кредитите и добра профитабилност којашто расте побавно во споредба со претходната година. Стапката на адекватност на капиталот во третиот квартал од 2024 година се задржа на 19%, што е историски една од највисоките стапки, а застапеноста на нефункционалните кредити во кредитното портфолио е ниска веќе подолг период и се одржува на нивото од околу 3%.
Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}