Денес беше остварена средба меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на која беа разменети мислења и информации за актуелните текови во монетарната политика, во банкарскиот сектор, како и за актуелните случувања во економијата.
Претседателот Пендаровски, меѓу другото, истакна дека Народната банка во досегашната работа покажа капацитет во постигнувањето на финансиската стабилност и одржувањето сигурен банкарски систем, што во континуитет е позитивно оценувано и од страна на Европската комисија.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска нагласи дека и за претстојниот период се предвидени бројни активности на централната банка коишто дополнително ќе придонесат за приближувањето на нашата економија до европското семејство.
На средбата беше изразено уверување дека ќе продолжи успешното водење на монетарната политика, преку одржувањето на ценовната стабилност, како и дека Народната банка и натаму ќе придонесува кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}