Скопје, 27 февруари 2026
На 27 февруари 2026 година се одржа подготвителна средба во пресрет на националниот натпревар „Европски квиз на парите 2026 г.“, во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.
На средбата учествуваа претставници на институциите организаторки, како и менторите и тимовите на ученици од пријавените основни и средни училишта од целата држава. Присутните беа детално запознаени со правилата и форматот на натпреварот, а им беа доставени и насоки и едукативни материјали за што поуспешна и поквалитетна подготовка.
Организаторите изразуваат особено задоволство од рекордниот интерес за учество годинава, што претставува јасен показател за зголемената свест за значењето на финансиската писменост кај младите. „Европскиот квиз на парите“ не е само натпревар, туку платформа преку која учениците ги продлабочуваат своите знаења за финансиските концепти, одговорното управување со личните финансии и функционирањето на финансискиот систем како вештини што се особено важни за нивната иднина.
Годинава, националниот натпревар се организира по осми пат, со вкупно 1.276 пријавени ученици – 1.144 на македонски и 132 на албански наставен јазик – под менторство на 127 наставници од 109 основни и средни училишта од целата држава. Овие бројки потврдуваат дека финансиската едукација станува сѐ поважен сегмент од образовниот процес.
Националниот натпревар ќе се одржи во рамките на Глобалната недела на парите, во периодот од 16 до 22 март 2026 година. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, коешто ќе се одржи на 18 и 19 мај 2026 година во Брисел, Кралството Белгија.
Македонската банкарска асоцијација, Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и во иднина ќе бидат цврсто посветени на постојано унапредување на финансиската писменост кај младите и на зајакнување на нивната подготвеност за носење одговорни и одржливи финансиски одлуки засновани на информации во современото општество.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}