Скопје, 24 март 2023
Денес, на последниот ден од Глобалната недела на парите, се одржа финалето на националниот натпревар на Европскиот квиз на парите 2023.
Во првиот круг беа избрани трите најдобри тима во земјата од вкупните пријавени 391 тим од 76 училишта, под менторство на 101 професор. На македонски јазик се натпреваруваа 379 тима, а 16 се натпреваруваа на албански јазик.
На денешното финале, на кое учествуваа трите најдобри тима од првиот круг, беше избран најдобриот национален тим. Победничкиот тим што ќе ја претставува нашата земја на европското финале на 16 мај во Брисел, Белгија, се двајца ученици од ООУ „Мите Богоевски“ – Ресен, Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, со менторката Соња Стрезовска.
Второто место го освоија Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола со менторката Билјана Кочовска, додека третопласирани беа Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ООУ „Гоце Делчев“ – Илинден, со менторката Данче Нацевска.
Нашата земја по петти пат учествува на овој проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска писменост на учениците од 13 до 15 години.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}