Скопје, 24 февруари 2026
Народната банка, во соработка со Европскиот форум за пари и финансии СУЕРФ, на 24 март 2026 година (вторник), во Скопје, ќе организира еднодневна конференција на високо ниво на тема „Централното банкарство во услови на трајни промени во светот: стабилност, иновации и отпорност“.
Конференцијата ќе обедини истакнати претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции и на истражувачката заедница, заради поттикнување стручен дијалог за анализа на главните предизвици, одговорности и идни насоки на централното банкарство во контекст на сè поголема светска неизвесност.
Дискусиите ќе бидат посветени на начинот на кој монетарната политика се справува со постојаните светски шокови и инфлациските притисоци, на улогата на дигитализацијата и иновациите во централното банкарство, развојот на платните системи, примената на вештачката интелигенција и големите податоци, како и на прашањата поврзани со финансиската стабилност, управувањето со ризиците и ефикасноста на макропрудентните политики.
Деталната програма на Конференцијата ќе биде објавена наскоро.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}