Вчера се одржа средба меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новиот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, чиј мандат започна неодамна.
На средбата беше потенцирана досегашната одлична соработка меѓу Холандската амбасада и Народната банка. Во рамки на своите надлежности, Холандската амбасада веќе подолг период ѝ дава поддршка на нашата институција во спроведувањето на дел од активностите на патот кон Европскиот систем на централни банки. Гувернерката изрази задоволство што Амбасадата и нивниот персонал активно ја следат работата на Народната банка, особено макроекономските проекции, согледувањата за движењата во економијата и оцените за стабилноста на банкарскиот и воопшто финансискиот систем.

Во разговорот, гувернерката ја потенцира благодарноста дека токму Банката на Холандија е еден од нашите најсилни поддржувачи во прифаќањето на предизвиците за постојано унапредување на централнобанкарското работење во нашата земја и наш партнер во спроведувањето поголем број проекти за јакнење на институционалниот капацитет, а со цел извршување на стратегиските цели на Народната банка.
Амбасадорот Коп, меѓу другото, истакна дека е задоволен од досегашната соработка со Народната банка и од успешноста на спроведените проекти. Потенцираше дека Кралството на Холандија и во иднина ќе продолжи да биде верен пријател и подржувач на нашата земја и институции.
Двајцата соговорници искажаа уверување дека одличната соработка ќе продолжи уште посилно и во претстојниот период.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}