Скопје, 19 март 2023
„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е помало за околу три процентни поени од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на приспособување е слично како во еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекувањата во последниот циклус проекции на Народната банка, според кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените којшто е чувствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период, треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели вицегувернерката Ана Митреска во интервју за „Блумберг Адрија“.
Вицегувернерката Митреска се осврна и на монетарната политика којашто ја водат двете глобално значајни централни банки ‒ Федералните резерви на САД и Европската централна банка. ЕЦБ минатата недела, според најавите, ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 процентни поени, додека ФЕД неодамна стави акцент на веројатната потреба од позатегната монетарна политика, поради позатегнатите услови на трудот и сѐ уште недоволното забавување на инфлацијата. Во однос на идната патека, таа посочи дека ќе зависи од најновите оцени за економските и финансиските услови во овие економии. Дали последните случувања на надворешните финансиски пазари ќе имаат одраз на очекувањата за економските показатели, а со тоа и на монетарната поставеност на овие две централни банки и во која мера, ќе се види во следниот период.
„Потезите и промените во монетарната политика на Народната банка ќе зависат од инфлацијата, меѓутоа и од девизниот пазар, со оглед на тоа што функционираме во услови на режим на фиксен девизен курс, којшто е номинално сидро и основа на целокупната стабилност на нашата економија. И на двата фронта гледаме одредено стабилизирање, меѓутоа ризици сѐ уште постојат. Се разбира дека и однесувањето на Европската централна банка ќе има одредено влијание врз нашата каматна политика. Потребно е сите нови расположливи информации и оцени за домашната економија и надворешното окружување да се систематизираат и тие ќе претставуваат основа за следните чекори во монетарната политика“, вели вицегувернерката Митреска.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}