Почитувани корисници на податоци,
Ве известуваме дека во декемри 2019 година ќе биде пуштен во употреба статистички веб-портал на Народната банка, којшто е дел од проектот „Градење алатка за интерна анализа на податоци и статистички веб-портал за екстерни корисници“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата ИПА2012.
Целта на овој портал е да се осовремени начинот на дисеминација на статистичките податоци и информации, со што истовремено ќе се поедностави пристапот на надворешните корисници до податоците коишто ги објавува Народната банка. Воедно, преку опциите за изготвување временски серии, филтрирање и преземање на податоците во различен формат, коишто ги нуди оваа интернет-алатка, се прошируваат и можностите за анализа на податоците од страна на крајните корисници. Со воведувањето на статистичката интернет-алатка, се напушта досегашната практика на објавување податоци во форма на документи во ексел-формат во делот „Статистика“ на интернет-страницата на Народната банка.
Со пуштањето во употреба на статистички веб-портал се потврдуваат напорите на Народната банка за задоволување на специфичните потреби на корисниците, преку воведување модерни алатки за осовременување на начинот на дисеминација на статистичките податоци.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}