Во извештајот со кој минатата недела агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава „ББ-“, со стабилен изглед, одделно внимание ѝ е посветено и на монетарната политика, со фокус на стабилноста на домашната валута и нивото на девизните резерви, како и на стабилноста на банкарскиот систем. Меѓу другото, во извештајот е забележано дека мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, доведоа до намалување на вкупната евроизација во земјава, при што изминативе години, депозитите и кредитите деноминирани во странска валута заземаат околу 40% од вкупните депозити и кредити. Според „Стандард и Пурс“, овој процент е помал отколку во другите економии во регионот, што на Народната банка ѝ овозможува дополнителен простор за натамошното делување преку монетарната политика. Во извештајот на „Стандард и Пурс“ одделно се споменува и растот на девизните резерви во текот на 2018 година, во најголема мера како одраз на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар.
Даден е осврт и на банкарскиот систем, при што се нагласува неговата добра капитализираност и профитабилност, како и негово финансирање главно преку домашни депозити. Според проценките на „Стандард и Пурс“, нефункционалните кредити во земјава изнесуваат околу 5% од вкупните кредити, што, како што е забележано во извештајот, е исклучително позитивно ако се направи споредба со податоците за другите земји од регионот. Агенцијата изнесува позитивни оценки и за кредитниот раст во земјава, при што одбележува дека има позитивни поместувања особено во делот на кредитирањето на корпоративниот сектор. „Стандард и Пурс“ очекува дека во следните неколку години кредитниот раст ќе изнесува, во просек, 7% годишно.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}