Во рамките на Регионалната програма на ЕУ за централните банки од земјите на Западен Балкан
4 ноември 2021 година
Во рамките на Регионалната програма за јакнење на капацитетите на централните банки на земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан, којашто е во тек, заврши спроведувањето на вториот дел од билатералната мерка во соработка со Хрватската народна банка, коешто започна во април оваа година. Соработката е насочена кон понатамошно јакнење на функцијата на нашата централна банка во областа на меѓународните односи, особено во процесот на евроинтеграција на земјата. Експертите од Хрватската народна банка, врз основа на нивното искуство во процесот на пристапување во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), како и соработката со европските институции по влезот во ЕУ, го презентираа нацрт-патоказот за Народната банка на патот кон нејзино зачленување во ЕСЦБ. Патоказот се состои од три дела: првиот се однесува на организацијата на функцијата меѓународни односи на ХНБ, вториот се однесува на организацијата на функцијата меѓународни односи на НБРСМ и третиот дел е посветен на лекции од хрватското искуство, коишто можат да бидат корисни за Народната банка.
Споделеното искуство на Хрватската народна банка е од големо значење за зајакнување на функцијата на нашата централна банка во сферата на меѓународните односи и односите со ЕУ, заради соодветно исполнување на улогата на Народната банка во процесот на пристапување кон ЕУ и потоа. Програмата финансирана од ЕУ за јакнење на капацитетите на централните банки од Западен Балкан започна да се спроведува во 2019 година, во соработка со Централната банка на Германија како координатор на Програмата, деветнаесет други централни банки од Европскиот систем на централни банки и Европската централна банка, а ќе се спроведува до крајот на оваа година. За оваа регионална програма, Европската Унија одвои 2 милиона евра преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}