„Статистиката, вакцина која ја штити демократијата и го спречува вирусот на дезинформации.“ Под ова мото на Европскиот комитет за статистика, со предавања на три универзитети во земјата, Народната банка, изминатите две недели го одбележа Денот на европската статистика. Оваа година предавањата беа насочени кон младите економисти, како значајни корисници на статистичките податоци коишто ги објавува Народната банка, а со единствена цел да се промовираат вредноста и придобивките од статистиката во процесот на носење одлуки.
Предавањата на економските факултети на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), „Гоце Делчев“ во Штип и „Американ колеџ Скопје“, како и на Земјоделскиот факултет – насока агроекономија при УКИМ, беа организирани со залагања на наставниот кадар, а беа подготвени и изведени од тимот на Дирекцијата за статистика на Народната банка. Во предавањата, директорката на Дирекцијата, Султанија Бојчева-Терзијан се осврна на сите клучни аспекти поврзани со статистичките податоци коишто ги изготвува Народната банка – монетарната статистика и статистиката на каматните стапки, екстерните статистики и статистиката на финансиските сметки. Се говореше и за меѓународните стандарди во сферата на статистика, коишто се спроведени во статистиката на Народната банка. Во рамките на предавањата беа опфатени и подетални стручни осврти, коишто ќе им бидат од корист и на младите истражувачи, при што се опфати и користењето на статистичкиот веб-портал „НБСтат“.
Особено радува интересот искажан од студентите, при што во рамките на предавањата беа отворени поголем број стручни прашања, на коишто тимот на Дирекцијата за статистика на Народната банка се потруди да им даде исцрпни одговори. Но, секако, комуникацијата и соработката не запира тука, затоа што беше потврдена подготвеноста и секојдневната практика на статистичарите од Народната банка за давање појаснување и информации од сферата на централнобанкарската статистика, коишто се или ќе им бидат предмет на интерес на младите економисти.
|
Галерија - Предавања за статистиката 2021 |
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}