достапно само на англиски јазик
Автор: Љупка Георгиевска
Штедењето во услови на ниски каматни стапки – осврт на земјите од Југоисточна Европа
(достапно само на англиски јазик)
Изминатата деценија, по глобалната економска криза од 2008-09 година, ќе остане запаметена како ера на историски ниски каматни стапки. Приносите на финансиските инструменти се сведоа на исклучително ниско ниво, и дури се негативни во одредени земји, вклучително и за банкарските депозити. Појавата и ширењето на новата вирусна инфекција ковид-19 од почетокот на 2020 година, повлече нов бран на олабавување на монетарната политика од страна на глобално влијателните централни банки, што ги засили очекувањата за продолжено одржување на ниски каматни стапки и во следниот период. Имајќи ги предвид ваквите трендови, оваа анализа се осврнува на промените во штедењето на домаќинствата наспроти амбиентот на ниски каматни стапки во земјите од Европската унија (ЕУ) и Југоисточна Европа (ЈИЕ). Целта е да се истражи влијанието на каматните стапки врз склоноста за штедење на домаќинствата, наспроти останатите фактори. Анализата покажува дека каматните стапки влијаеле, но не претставувале одлучувачки фактор за одлуките на домаќинствата за штедење во посткризниот период. Другите фактори, како што се динамиката на расположливиот доход и богатството, преференциите на домаќинствата и склоноста за преземање ризик, како и институционалните рамки, во многу поголем дел го одредиле однесувањето на домаќинствата во однос на тоа колку и во која форма да штедат. Банкарските депозити ја задржаа и дополнително зајакнаа улогата на водечки штеден инструмент во финансиската актива на домаќинствата на земјите од ЈИЕ и во посткризниот период, и покрај амбиентот на ниски каматни стапки, а стапката на штедење во регионот се подобри од многу ниски, па дури и негативни нивоа во некои земји пред кризата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}