Редовна аукција за емисија на благајнички записи, 5 ноември 2025 година

На 5 ноември 2025 година, Народната банка спроведе редовна аукција за издавање на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 5,35%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 10.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 9.357 милиони денари и беа пониски од понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 24 декември 2025 година.