Редовна аукција за емисија на благајнички записи, 24 декември 2025 година

На 24 декември 2025 година, Народната банка спроведе редовна аукција за издавање на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 4,00%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 43.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 42.032 милиони денари.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 31 декември 2025 година.