На 11 февруари 2026 година, Народната банка спроведе редовна аукција за издавање на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 4,00%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 54.000 милиони денари.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 49.150 милиони денари.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 18 февруари 2026 година.