Противцикличен заштитен слој на капиталот
Противцикличниот заштитен слој на капиталот е наменет за заштита од ризиците за банките од промените во кредитниот циклус. Овој заштитен слој се воведува или зголемува во периоди на значаен кредитен раст, а се намалува или ослободува во периодите кога ќе се промени кредитниот циклус. Имено, во услови на висок кредитен раст, се воведува обврска за банките да го зголемуваат нивото на капитал со кое располагаат. Ваквата обврска, од една страна ја подобрува способноста на банките за покривање на кредитните загуби коишто можат да произлезат од високиот кредитен раст, а од друга страна влијае и кон намалување на висината на тој раст, бидејќи ги зголемува трошоците на кредитирањето. При промени во циклусот, банките се ослободуваат од обврската за исполнување на противцикличниот заштитен слој на капиталот, што значи дека можат да го користат овој заштитен слој за покривање на кредитните загуби коишто вообичаено се јавуваат во надолната фаза од циклусот, а истовремено ги намалува трошоците за кредитите што влијае врз обемот на кредитната побарувачка. На овој начин противцикличниот заштитен слој на капиталот влијае кон намалување на т.н. процикличност во финансискиот систем.
Висината на противцикличниот заштитен слој на капиталот се утврдува врз основа на т.н. специфичната стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот, којашто претставува пондериран просек на стапките на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеностите на банката кон одделни земји. Имено, согласно со Законот за банките, Народната банка има право да пропише различни стапки на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложености кон клиенти од различни земји, вклучувајќи ја и Република Македонија.
Начинот на утврдување на стапката на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од Република Македонија и на специфичната стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот, како и начинот на воведување и промени на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од Република Македонија се определени во Одлуката за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/17).
Врз основа на Законот за банките и Одлуката, почнувајќи од 1 јули 2017 година Народната банка е должна на квартална основа да ја утврдува потребната стапка на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеностите во Република Македонија и да ја објави нејзината висина, заедно со датумот на примена, доколку е таа поголема од 0%.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}