
ПОКАНА
На 26 јуни 2019 година (среда), во просториите на Народната банка, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 33. сесија на Клубот на истражувачите.
Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 31 мај 2019 година (петок).
Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот, можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 јуни 2019 година (вторник) на е-адресата: [email protected].
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}