Од 26 до 28 ноември годинава ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции, во соработка со приватниот финансиски сектор.
Народната банка, како еден од организаторите на Деновите на финансиската писменост, упатува
ПОКАНА ЗА ЈАВЕН НАСТАН
за сите заинтересирани граѓани за учество во Деновите на финансиската писменост
ПРОГРАМА
26. ноември 2024 година
Отворен ден на Народната банка
Време: 11:00 – 14:00 часот
Заинтересираните лица ќе имаат можност да ја посетат Народната банка (влезот на холот на НБ2). Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со вработените во Народната банка и да им постават прашања во однос на работењето на Народната банка, да пријават интерес за присуство на предавање од финансиската едукација, да се информираат за правата на потрошувачите на финансиски услуги.
27. ноември 2024 година
Едукативни онлајн презентации
11.00 ‒ 13.00 часот
Заинтересираните лица ќе можат да следат презентации на различни теми, преку видеоконференциска врска. Вашиот интерес може да го пријавите за една или за повеќе од следниве теми:
11.00 ч. Во светот на финансиите ‒ Финансиска едукација за средношколци – ДЗПФЕ
12.00 ч. Заштитни елементи на македонските пари – ДТР
13.00 ч. Платежна сметка со основни функции – ДПС
Заинтересираните лица треба да го најават интересот за следење на презентациите преку порака на електронската адреса: [email protected] или преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Притоа, треба да наведе за која презентација / тема се пријавува присуството.
Рок за пријавување: најдоцна до 26 ноември 2024 година.
28. ноември 2024 година
Студентски час „ФИНФИТ“
12.00 ‒ 13.00 часот
Предавањата се наменети за студентите од економските, но и од другите факултети. Експерти од Народната банка ќе одржат презентации на следниве теми:
12.00 ч. Монетарната политика на Народната банка
12.30 ч. Улогата и значењето на статистичките податоци на Народната банка
13.00 ч. Младите и финансиската едукација – Клуб Алпбах Македонија“
Заинтересираните лица ќе имаат можност да ја посетат Народната банка (влезот на холот на НБ1), презентации во конференциската сала на 8. кат.
Целта на овие активности е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Презентациите се наменети за слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.