Што се колачиња?

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња

Политиката за колачиња
logo
  • МК
  • EN
  • AL
  • За Народната банка
    • 80 години централно банкарство
    • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
    • Органи на Народната банка
    • Совет на Народната банка
      • Седници на Советот
      • Начин на работа на Советот на Народната банка
    • Извршен одбор
    • Гувернер
    • Вицегувернери
    • Комитети
    • Корпоративно управување
    • Цели и задачи
    • Транспарентност
    • Односи со јавноста
      • Соопштенија за печат
        • 2026
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Говори
      • Интервјуа
      • Известувања
        • 2026
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
      • Слободен пристап до информации од јавен карактер
      • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
      • Офицер за заштита на личните податоци
      • Соработка
    • Организациска шема
    • Стратегија
    • Програма за работа
    • Меѓународни односи
      • Односи со ЕУ
        • Претпристапна помош
          • Соопштенија
          • Презентации и говори
        • Билтени за проекти
      • Односи со меѓународни финансиски институциии
      • Техничка соработка
    • Конференции
      • Конференција на високо ниво (24 март 2026)
      • Климатските ризици и финансиската стабилност: справување со денешните предизвици и искористување на утрешните можности
      • Конференција на високо ниво
      • Деветта меѓународна истражувачка конференција
        • Фотогалерија
      • 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Vienna Initiative – Full Forum (22-24 March 2023), Skopje
        • Соопштенија
        • Фотогалерија
      • 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Осма меѓународна истражувачка конференција
      • Јубилеј 30 години монетарна самостојност
      • Работилница: Најдобрите практики за управување со човечките ресурси во банкарскиот систем во Република Северна Македонија, 10-11 ноември 2021 година
      • Виртуелна регионална работилница за статистика во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, 11 декември 2020 година
      • 11-та Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
      • Седма меѓународна истражувачка конференција
      • Меѓународна конференција на високо ниво за монетарна политика и управување со финансиски средства (Мериот Хотел Скопје), 16. Февруари 2018 година
      • Десетта јубилејна конференција за плaќања и пазарна инфраструктура
      • Свечено одбележување на јубилејот по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Шеста меѓународна истражувачка конференција
      • Петта меѓународна истражувачка конференција
      • Работната група на БИС за Монетарната политика во Централна и Источна Европа
      • Прв регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост
      • Четврта меѓународна истражувачка конференција: "Справување со структурните ригидности во контекст на ефективноста на трансмисијата на монетарната политика"
      • Трета регионална конференција за финансиска едукација за Европа и Централна Азија
      • Трета меѓународна истражувачка конференција: "На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување"
      • Втора меѓународна истражувачка конференција на тема: "Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?"
      • Конференција по повод на одбележувањето 20 години од монетарното осамостојување на Република Македонија
      • Отворање на заеднички Јавен информативен центар на Светска банка и НБРМ
      • 23 Годишна конференција на Групацијата на банкарски супервизори од централна и источна Европа (БСЦИЕ)
      • Конференција: Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ
      • Работилница: Цените на храната и инфлацијата
      • Работилница: Проблеми во мерењето на инфлацијата
      • Работилница на тема: Енергетска потрошувачка во РМ и нејзиниот ефект врз билансот на плаќања
      • Јубилеј 60 години Централно - банкарски активности во Република Македонија
      • Работилница: Високото ниво на готовите пари во оптек во Република Македонија
    • Годишна награда
    • Финансиска едукација
    • Музеј
    • Библиотека и архив
    • Кариера во Народната банка
      • Народната банка како работодавач
      • Вработување во Народната банка
      • Практична работа во Народната банка
  • Монетарна политика
    • Поставеност на монетарната политика
    • Извршен одбор за монетарната политика
    • Спроведување на монетарната политика
      • Операции на отворениот пазар
        • Аукции на благајнички записи
        • Аукции на репо-трансакции
        • Дефинитивни трансакции
      • Задолжителна резерва
      • Расположлив депозит преку ноќ
      • Расположлив кредит преку ноќ
      • Интрадневен кредит
      • Ликвидносна состојба на банкарскиот систем
    • Промени на основната каматна стапка на Народната банка
  • Финансиски пазари
    • Аукции на благајнички записи
    • Меѓубанкарски пазар на депозити
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-СКИБОР (Skopje Interbank Offered Rate)
      • Меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити-МКДОНИА (Macedonian Denar Overnight Index Average)
      • Тргување на меѓубанкарски пазар на депозити
    • Аукции на државни хартии од вредност
    • Девизен пазар
    • Секундарен пазар со хартии од вредност
    • Информации од меѓународните финансиски пазари
  • Финансиска стабилност
    • Што е финансиската стабилност и како се одржува?
    • Финансискиот систем во Република Северна Македонија
    • Податоци и показатели
      • Показатели за финансиската стабилност
      • Податоци и показатели за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Преглед на зелени показатели
      • Календар на објавување на податоци за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
    • Поставеност на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Соопштенија од Комитетот за финансиска стабилност
      • Стратегија за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
      • Извештаи за Комитетот за финансиска стабилност
    • Дефиниција, опфат и цели на макропрудентната политика во Република Северна Македонија
    • Улогата на Народната банка
    • Макропрудентни инструменти на Народната банка
      • Заштитни слоеви на капиталот
      • Мерки насочени кон кредитокорисниците
      • Други макропрудентни инструменти
      • Одлуки за поставеноста на макропрудентните инструменти на Народната банка
      • Макропрудентни извештаи
      • Нацрт регулатива
    • Публикации
      • Извештаи за финансиската стабилност
      • Извештаи за банкарскиот систем на Република Северна Македонија
      • Анкетни истражувања
      • Анализи и работни материјали
      • Обрасци
    • Стрес-тестирање на банкарскиот сектор
  • Супервизија
    • Банкарска супервизија и регулатива
    • Законска регулатива
      • Лиценцирање
      • Адекватност на капиталот
      • Кредитен ризик
      • Ликвидносен ризик
      • Валутен ризик
      • Останати ризици
      • Супервизија и надзор
      • Сметководство, финансиски извештаи, објавување и ревизија
      • Заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити
      • Кредитен регистар
      • Останата регулатива
      • Надоместок за супервизија
      • Супервизорски циркулари
      • Нацрт регулатива
      • ИСИДОРА
    • Банкарски систем на Северна Македонија
    • Организациона структура на супервизијата
    • Прашања и одговори
    • Прашања и одговори од девизното работење
    • Спречување перење пари и финансирање на тероризам
      • Стратешки документи
      • Закон и подзаконски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам
        • Закон за СППФТ
        • Подзаконски акти на Народната банка
      • Меѓународни организации и национални институции
      • Меѓународни стандарди
      • Презентации
  • Платни системи и платежните услуги
    • Македонска платежна инфраструктура
    • Улогата на Народната банка во платните системи
      • Надзорна улога
      • Стандарди за работа на платните системи
    • Регулатива за платните системи и платежните услуги
    • Платежни институции, институции за електронски пари и оператори на платни системи
      • Издавање дозволи
      • Регистри
      • Извештаи од реализиран промет од еднократни прекугранични парични трансакции
    • Платежна статистика
    • Конференции, новости и публикации
    • Национален совет за платните системи
    • Порта за иновации
    • Споредете ги надоместоците за платежните услуги
  • Македонски пари
    • Книжни пари во оптек
    • Ковани пари во оптек
    • Ковани пари за колекционерски цели
    • Комплети ковани пари
    • Дизајн на новите полимерни пари
    • Листа на успешно тестирани машини
  • Статистика
    • Програма за статистички истражувања 2023 - 2027
    • Календар на објавување на податоци
    • Билтени
    • Монетарна статистика и статистика на каматните стапки
      • Монетарна статистика
      • Статистика на каматните стапки
    • Екстерни статистики
      • Платен биланс
      • Oфицијални девизни резерви и девизна ликвидност
      • Меѓународна инвестициска позиција
      • Директни инвестиции
        • Директни инвестиции - Движења
        • Директни инвестиции - Состојби
      • Портфолио инвестиции (КППИ)
      • Надворешно-трговска размена
      • Надворешен долг
      • Eфективен девизен курс (РЕДК)
    • Финансиски сметки
      • Статистика на финансиските сметки
      • Должнички хартии од вредност
    • СДДС Плус - Специјален систем за дисеминација на податоци плус
    • Основни економски показатели и цени на недвижности
    • Известувањa за потребите на статистиката
    • Соопштенија за печат
    • НБСтат - Статистички веб портал
  • Публикации
    • Годишни извештаи
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
      • 2003
      • 2002
      • 2001
      • 2000
      • 1999
      • 1998
      • 1997
      • 1996
      • 1995
      • 1994
      • 1993
      • 1992
    • Најнови макроекономски показатели
      • 2026
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
    • Квартални извештаи
      • 2026
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
      • 2009
      • 2008
      • 2007
      • 2006
      • 2005
      • 2004
    • Квартални извештаи за банкарскиот систем
      • 2026
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
    • Полугодишни извештаи (до 2010)
      • 2010
      • 2009
      • 2008
    • Анкетни истражувања
      • Aнкета за кредитна активност
        • 2026
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
        • 2016
        • 2015
      • Анкета за инфлациските очекувања (до јули 2017 година)
        • 2017
        • 2016
        • 2015
        • 2014
        • 2013
      • Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП
        • 2026
        • 2025
        • 2024
        • 2023
        • 2022
        • 2021
        • 2020
        • 2019
        • 2018
        • 2017
    • Извештај за финансиска состојба на Народната банка
      • 2026
      • 2025
      • 2024
      • 2023
      • 2022
      • 2021
      • 2020
      • 2019
      • 2018
      • 2017
      • 2016
      • 2015
      • 2014
      • 2013
      • 2012
      • 2011
      • 2010
    • Истражување
      • Работни материјали
      • Анализи
      • Економски истражувања (2001-2004)
      • Клуб на истражувачи
        • 1 сесија 01.07.2011
        • 2 сесија 02.09.2011
        • 3 сесија 02.12.2011
        • 4 сесија 02.03.2012
        • 5 сесија 08.06.2012
        • 6 сесија 14.09.2012
        • 7 сесија 07.12.2013
        • 8 сесија 08.03.2013
        • 9 сесија 07.06.2013
        • 10 сесија 26.09.2013
        • 11 сесија 19.12.2013
        • 12 сесија 13.03.2014
        • 13 сесија 12.06.2014
        • 14 сесија 18.09.2014
        • 15 сесија 11.12.2014
        • 16 сесија 19.03.2015
        • 17 сесија 11.06.2015
        • 18 сесија 17.09.2015
        • 19. сесија 10.12.2015
        • 20. сесија 10.03.2016
        • 21. сесија 9.06.2016
        • 22. сесија 15.09.2016
        • 23. сесија 16.12.2016
        • 24. сесија 02.03.2017
        • 25. сесија 01.06.2017
        • 26. сесија 14.09.2017
        • 27. сесија 07.12.2017
        • 28. сесија 15.3.2018
        • 29. сесија 13.6.2018
        • 30. сесија 26.9.2018
        • 31. сесија 13.12.2018
        • 32. сесија 21.03.2019
        • 33. сесија 26.6.2019
        • 34. сесија 20.9.2019
        • 35. сесија 12.12.2019
        • 36. сесија 17.09.2020
        • 37. сесија 17.12.2020
        • 38. сесија 05.03.2021
        • 39. сесија 01.07.2021
        • 40. сесија 16.09.2021
        • 41. сесија 22.12.2021
        • 42. сесија 31.03.2022
        • 43. сесија 30.06.2022
        • 44. сесија 26.09.2022
        • 45. сесија 23.12.2022
        • 46. сесија 30.03.2023
        • 47. сесија 15.06.2023
        • 48. сесија 21.09.2023
        • 49. сесија 21.12.2023
        • 50. сесија 28.03.2024
        • 51. сесија 27.06.2024
        • 52. сесија 26.09.2024
        • 53. сесија 19.12.2024
        • 54. сесија 26.06.2025
        • 55. сесија 25.09.2025
        • 56. сесија 18.12.2025
        • 57. сесија 27.03.2026
        • 58. сесија 18.06.2026
        • 59. сесија 28.09.2026
      • Програма за истражувачка дејност
      • Аналитички прилози во кварталните извештаи
      • Збирки на трудови од конференции
      • Разно
    • Библиографии
    • Стратегии
  • Прописи
    • Закони
    • Одлуки
      • Одлуки од областа на операции на финансиските пазари
      • Одлуки од областа на девизното работење
      • Одлуки од областа на платните системи и платежните услуги
      • Одлуки од областа на статистиката
      • Одлуки од областа на трезорско работење
        • Управување со книжни и ковани пари
        • Издавање, пуштање во оптек и повлекување од оптек на книжни и ковани пари
      • Одлуки од областа на решавањето банки
      • Одлуки од областа на супервизијата
      • Одлуки врз основа на Законот за финансиска стабилност
      • Одлуки од областа на сметководството и финансиското известување
      • Одлука за видот и висината на надоместоците за услугите коишто ги дава Народната банка на Република Северна Македонија
      • Одлуки од областа на информатичката технологија
      • Одлука за доставување на податоци и информации од банките и штедилниците од областа на статистиката и супервизијата (Исидора)
    • Упатства
      • Упатства од областа на операции на финансиските пазари
      • Упатства од областа на девизно работење
      • Упатства од областа на платните системи и платежните услуги
      • Упатства од областа на кредитни работи со нерезиденти
      • Упатства од областа на статистиката
      • Упатства од областа на супервизијата
      • Упатства од областа на трезорско работење
      • Упатства од областа на решавањето банки
      • Упатство за спроведување на Одлуката за начинот на доставување, формата и роковите за доставување податоци и информации од банките и штедилниците (Исидора)
    • Циркулари
    • Регулатива за државни хартии од вредност
      • Примарен пазар на државни хартии од вредност
      • Секундарен пазар на државни хартии од вредност
    • Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
    • Интерна регулатива
      • Интерна регулатива од областа на корпоративното управување
  • Решавање банки
    • Решавање
    • Подготвителни активности
    • Инструменти за решавање
    • Минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски (МРЕЛ)
    • Фонд за решавање
    • Вреднување
    • Законска регулатива
    • Прашања и одговори

Денарот ќе биде стабилен и во 2020 година

Народната банка и во 2020 година гарантира дека денарот ќе биде стабилен, вели гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за МИА. Како централна банка располагаат со редица механизми со кои секогаш се подготвени да ја гарантираат стабилноста на домашната валута, да ја одржуваат ценовната стабилност и да дадат максимален влог за поволен макроекономски амбиент. Укажува и дека макроекономските проекции посочуваат на продолжување и умерено забрзување на растот на македонската економија, со што би достигнал околу 3,8 отсто во 2020 година.

Дали Народната банка, како и претходните години, и оваа година останува на одржување на ценовната стабилност, односно дали денарот ќе биде стабилен?

Ние како централна банка располагаме со низа механизми со коишто секогаш сме подготвени да ја гарантираме стабилноста на домашната валута, да ја одржуваме ценовната стабилност и да го дадеме максималниот влог за поволен макроекономски амбиент. Гарантираме – и во 2020 година денарот ќе биде стабилен.

Монетарната стратегија на одржување стабилен курс на домашната валута подразбира потреба од одржување соодветно ниво на девизни резерви. И во првите часови на новата година можам да потврдам дека тие на редовна основа се одржуваат на високо ниво. Заклучно со крајот на ноември минатата година изнесуваат нешто над 3 милијарди и 241 милион евра.

Морам да нагласам дека сите показатели упатуваат на адекватност на резервите не само во тековниот период, туку и во однос на идната проектирана патека во следниот среднорочен период. Очекуваме дека проектираната надворешна позиција на економијата и однесувањето на економските субјекти ќе овозможи натамошен раст на девизните резерви, со што тие и во следниот период би биле во комфорната зона и би овозможиле соодветна поддршка за одржување стабилен денар.

Стабилноста на домашната валута директно придонесува за одржување ниска инфлација, за стабилни очекувања на економските субјекти и за стабилен финансиски систем – фактори што се неопходни за обезбедување поволен амбиент за поддршка на растот на македонската економија.

Кои од проектите што беа актуелни за Народната банка минатата година би ги издвоиле?

Најпрво, пристапувањето на нашата земја кон највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на ММФ – СДДС плус, коешто беше иницирано од Народната банка, а го остваривме со заеднички влог со Државниот завод за статистика и Министерството за финансии. Станувањето осумнаесетта земја што е дел од овој стандард е и потврда за квалитетот на нашиот статистички систем.

На планот на статистиката, како значајна активност, секако би го издвоила и пуштањето во употреба на статистичкиот веб-портал „НБСтат”, којшто го изготвивме со поддршка од Европската Унија. Според повеќе анализи спроведени во централнобанкарската заедница, статистичките веб-портали со напредни можности за корисниците се најсовремената, актуелна статистичка алатка преку која на наједноставен и најбрз, а во исто време и најдетален начин се дисеминираат податоците. Сега и нашата централна банка има веб-портал којшто нуди такви можности, идентично како веб-порталите на овластените носители на статистички истражувања од повеќе земји од Европската Унија. Со „НБСтат” се отвора многу поголем простор за анализа на нашите официјални статистички податоци, во согласност со потребите на корисниците, а со тоа се поттикнува и развојот на истражувачката активност.

Секако, не би можела а да не ја споменам и Портата за иновации којашто ја отворивме неодамна, како резултат на нашата решеност засилено да ги поддржуваме иновациите во финансискиот сектор – проект којшто е во согласност и со подготовката и на новата законска регулатива за платежните услуги и платните системи. Драго ми е што преку Портата веќе ни се обратија неколку компании.

Во време кога развојот на финансиските технологии наметнува неопходност од уште поголема финансиска писменост, сметам дека е особено значајно и што ги засиливме активностите на планот на финансиската едукација и што вклучивме и активности за поттикнување на финансиската инклузија. Притоа, минатата година, за разлика од претходно, преку повеќе проектни активности бевме попосветени и на возрасното население, односно на потрошувачите на финансиски услуги. Во март го започнавме серијалот текстови „Економија за секого”, а потоа во рамките на Деновите на финансиска писменост упативме и јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации и истовремено имаше поставено и инфопулт во Народната банка. Кон крајот на годината го започнавме и прикажувањето на серијалот анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите”, којшто ќе продолжи следната година, со поддршка од ЕФСЕ. Ни причинува задоволство што имавме можност да бидеме домаќини на Петтиот состанок на Регионалната работна група за финансиска едукација на Југоисточна Европа, откако претходно, во првата половина на годината бевме домаќини и на потпишувањето на новиот Меморандум за соработка на полето на финансиската едукација и финансиската инклузија меѓу сите регулатори на нашиот финансиски систем.

Драго ми е што го започнавме и твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ”, поддржан од ЕУ. Во спроведувањето на проектните активности наши партнери се централните банки на Германија и на Хрватска, а во дел од активностите е предвидено да се вклучат и експерти од централните банки на Белгија, Литванија, Португалија, Романија и од Холандија. Со поддржувањето на овој проект, којшто ќе трае и оваа година, укажана ни е голема доверба, којашто не се сомневам дека ќе ја оправдаме со конкретни резултати.

За крај, не би можела а да не споменам дека ми е драго што се покажавме и како добри домаќини на состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светската банка и што во соработка со Министерството за финансии ја потврдивме подготвеноста да бидеме носители на настани коишто се на високо експертско ниво и на коишто се дискутира за клучни прашања и теми за европската и глобалната економија.

Навистина, бројот на проекти не е мал и не е лесно да се издвојат само неколку. Но, ценам дека она што е најважно е што ние, како централна банка, постојано го даваме максималниот влог за нашата економија – обезбедување макроекономска и финансиска стабилност, а во тие рамки секако и спроведување монетарна политика којашто е соодветна на економските фундаменти.

Какви се плановите на Народната банка за 2020 година?

И оваа година ќе продолжиме да го унапредуваме своето работење во согласност со највисоките меѓународни стандарди и најдобрите практики во централнобанкарската заедница, и тоа не само во рамки на твининг-проектот за јакнење на нашиот институционален капацитет. Веќе ја усвоивме Програмата за работа во којашто покрај остварувањето на нашите редовни задачи, внесовме и низа нови проекти и активности. Помеѓу другото, оваа година во нашиот фокус ќе биде и веќе најавеното изготвување на Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, како и на Национална стратегија за примена на финансиски технологии и поддршка на развојот на финтек-секторот. Планираме да спроведеме и анализа на тековната заштита на потрошувачите на финансиски услуги и да преземеме активности за унапредување на нашата поставеност како централна банка во оваа сфера, а истовремено ќе работиме и на проект за унапредување на транспарентноста и комуникацијата со јавноста на Народната банка.

Годинава очекуваме донесување и на новиот закон за платежни услуги и платни системи, на којшто работевме заедно со Министерството за финансии. Во голем дел тој ќе биде усогласен со законодавството на ЕУ и со стандардите и правилата за извршување на плаќањата во европските земји. Во зависност од динамиката на донесување на новиот закон, во нашата програма се предвидени и проекти коишто ќе овозможат измени или донесување соодветна подзаконска регулатива. На среден рок, во текот на следните неколку години, овој процес на унапредување во делот на регулативата би требало да придонесе за засилување на конкуренцијата во обезбедувањето на платежните услуги.

Истовремено, за зголемување на сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем, во нашата годишна програма за 2020 година се предвидува и спроведување консултативен процес преку Националниот совет за платни системи, за воспоставување стратегиски насоки за изработката на повеќегодишна стратегија за развој на платниот систем на нашата земја.

Во рамките на постојаните напори за хармонизација на домашната со европската регулатива и поаѓајќи од определбата за примена на препораките на мисијата ФСАП на ММФ и Светската банка, ќе продолжиме и со активностите за унапредување на регулаторната рамка заради натамошно јакнење на стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем и финансиската стабилност во целина. Меѓу другото, ќе ги воведеме најновите меѓународни стандарди поврзани со ликвидноста и ликвидносниот ризик на банките и ќе воспоставиме нови правила за натамошно јакнење на транспарентноста на банките. Поаѓајќи од една од нашите основни цели – придонес кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, ќе иницираме и измени на соодветната законска рамка со коишто ќе се обезбеди засилување на позицијата на централната банка и отворање нов простор за нашите натамошни активности во оваа сфера.

Кои се Вашите очекувања за клучните макроекономски параметри во 2020 година?

Оцените на Народната банка во рамките на есенскиот циклус макроекономски проекции посочуваат на продолжување и умерено забрзување на растот на македонската економија, со што би достигнал околу 3,8 отсто во 2020 година. Овие очекувања ги темелиме на неколку претпоставки. Клучно, се очекува натамошен раст на странската побарувачка, иако изгледите за глобалниот економски раст се послаби во однос на претходните очекувања. Макроекономското сценарио претпоставува и стабилен домашен политички контекст и стабилни очекувања на домашните субјекти. Главните извори на растот ги гледаме во извозниот сектор, каде што во последнава деценија се случуваат структурни промени, влез на нови странски компании и позитивни промени во производната и извозната структура. Продолжувањето на циклусот на јавните инфраструктурни инвестиции, како и странските инвестиции се клучни фактори за растот на бруто-инвестициите. Дополнителен импулс се очекува и од личната потрошувачка, при натамошен раст на расположливиот доход и на кредитната поддршка на населението.

Во согласност со тековните оцени за цените на примарните производи, странската ефективна инфлација, како и на цикличната позиција на домашната економија, очекуваме дека стапката на инфлација и натаму ќе биде ниска и стабилна и ќе се движи околу 1,5 отсто. Во однос на надворешната позиција на економијата, нашите проекции покажуваат задржување на тековната сметка во зона на умерен дефицит и негово финансирање преку странски инвестиции и надворешно задолжување. Како што веќе споменав, очекуваме и натамошен раст на девизните резерви и нивно задржување во комфорна зона, во согласност со монетарната стратегија. Во услови на стабилен, добро капитализиран и ликвиден банкарски систем, очекуваме дека економскиот раст ќе биде соодветно поддржан и од банките, и тоа со солидна стапка на раст на кредитирање на приватниот сектор од околу осум отсто на годишна основа.

Новогодишно интервју на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за МИА ǀ https://mia.mk/

Фото: Народна банка 

 

 

 

 

Почетна За Народната банка Односи со јавноста Интервјуа
  • 80 години централно банкарство
  • Поставеност, овластувања и организација на Народната банка
  • Органи на Народната банка
  • Совет на Народната банка
  • Извршен одбор
  • Гувернер
  • Вицегувернери
  • Комитети
  • Корпоративно управување
  • Цели и задачи
  • Транспарентност
  • Односи со јавноста
    • Соопштенија за печат
    • Говори
    • Интервјуа
    • Известувања
    • Слободен пристап до информации од јавен карактер
    • Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
    • Офицер за заштита на личните податоци
    • Соработка
  • Организациска шема
  • Стратегија
  • Програма за работа
  • Меѓународни односи
  • Конференции
  • Годишна награда
  • Финансиска едукација
  • Музеј
  • Библиотека и архив
  • Кариера во Народната банка
  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

EUR

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи 

4,25%

Расположлив кредит преку ноќ
4,75%
Расположлив депозит преку ноќ 
3,75%
 
Промени на основната каматна стапка

Стапки на задолжителната резерва на банки

Обврски со договорна рочност до 2 години:
во домашна валута
9,0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
22%
Обврски со договорна рочност над 2 години: 

во домашна валута
0%
во домашна валута со валутна клаузула
100%
во странска валута
10%
 


Операции на финансиските пазари

Аукции на благајнички записи
Аукции на државни хартии од вредност
Аукции на репо трансакции


Референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата

4,25%    

  

5,55

Каматни стапки на денарски депозити без валутна клаузула

2,61% 

СКИБОР

Сите права задржани © 2017

Почитувани, доколку имате проблем со пристапување до веќе објавените податоци, ве молиме обратете се на телефонот за техничка поддршка: 3108 206. За останатите потреби телефонска централа 3108 108 | (контакт).

Народна банка на Република Северна Македонија
Следете нѐ

  • почетна
  • контакт
  • веб мапа
  • веб инфо
  • корисни врски
  • политика за приватност
  • политика за колачиња
  • ЧПП
  • ново на социјалните мрежи
  • огласи за продажба на имот/отстранување отпад