Врз основа на точка 15 од Упатството за начинот на постапување со отпадот У бр.02-35629/1 од 17 октомври 2024 година и Извештајот на Комисијата за селекција на расходуван подвижен имот бр.02-25095/1 од 5 јули 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на постапувач со отпад
1. Предмет на јавниот повик е преземање на отпадот којшто Народната банка го создала при извршување на своите работните процеси без надомест или најповолната понуда односно највисокиот понуден надомест доколку на Народната банка парично и се надоместува за предавањето на отпадот и тоа за следниве видови отпад:
Реден број
|
Отпад (видови)
|
Количина
|
1.
|
Електронски отпад (печатари, скенери, климатизери, уреди за напојување со електрична енергија, мобилни телефони, фотокопири, камери и монитори од систем за видеонадзор, машини за броење пари)
|
270 парчиња
|
2.
|
Кабаст отпад (канцелариски мебел, бироа, маси, столици)
|
146 парчиња
|
3.
|
Некомерцијален отпад191 парче
|
|
4.
|
Празни касети од искористени тонери
|
120 парчиња
|
5.
|
Железо и алуминиум
|
1.500 килограми
|
2. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани правни лица кои имаат дозвола за вршење на дејност собирање и транспортирање и/или складирање и третман и/или преработка и рециклирање на отпад согласно Законот за управување со отпад. Заинтересираните правни лица можат да извршат увид на отпадот во седиштето на Народната банка во периодот од 15 до 17 јануари 2025 година од 10 до 14 часот. Детална спецификација на отпадот заинтересираните правни лица ќе подигнат при вршење на увидот на отпадот. Заинтересираните правни лица треба да поднесат Пријава за постапување со отпадот и понуда за преземање на отпадот без надомест или понуда со надомест доколку на Народната банка парично и се надоместува за предавањето на отпадот, во Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на ул. “Кузман Јосифовски – Питу” бр.1.
Кон пријавата за учество на јавниот повик, заинтересираното правно лице треба да ги достави следниве документи:
- Важечка дозвола за собирање и транспортирање и/или складирање и третман и/или преработка и рециклирање на отпад, со кои се докажува способноста за вршење дејност;
- Доколку заинтересираното правно лице кое учествува на јавниот повик поседува дозвола за складирање и третман и/или преработка и рециклирање на отпад, треба да приложи и договор со правно лице коешто поседува дозвола за собирање и транспорт на отпад
3. Краен рок за доставување на пријавата е 5 (пет) работни дена, а почнува да тече од 20 јануари 2025 година.
4. Понудениот отпад на јавниот повик се презема во целост од постапувач со отпад.
Изборот на постапувач на отпад од страна на Народната банка ќе биде направен врз основа на критериумот – „најкус понуден рок за преземање на отпадот, без надомест“ или “најповолната понуда односно највисокиот понуден надомест доколку на Народната банка парично и се надоместува за предавањето на отпадот”.
Во случај да се јават повеќе понудувачи на јавниот повик со иста понуда, се избира тој што прв се пријавил на јавниот повик.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
5. Врз основа на доставените пријави, се носи одлука за избор. Со избраниот постапувач со отпад ќе се склучи договор за собирање и транспортирање на отпадот без надомест односно највисокиот понуден надомест. Постапувачот на отпад го презема отпадот од просториите на Народната банка и доставува приемница за извршениот прием на отпадот.
Рокот за преземање на отпадот внесен во пријавата е составен елемент на договорот и почнува да тече од денот на потпишување на договорот.
Прилог. Детална спецификација на отпад
Телефони за контакт: 02/3108-416 и 02/3108-106
Лица за контакт: Ангел Змејков и Никола Талески