Врз основа на член 48 став 2, а во врска со член 49 став 3, член 50 и член 50-а од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21, 74/24 и 16/25), Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на двајца кандидати за вицегувернери на
Народната банка на Република Северна Македонија
I.Критериуми за избор
1.Кандидатите за вицегувернери треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- да бидат лица државјани на Република Северна Македонија и да имаат соодветна репутација;
- да имаат најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
- да не се должници во стечајна или ликвидациона постапка;
- да не им е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и
- да не им е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.
II.Услови за избор
2.Кандидатите за вицегувернери покрај горенаведените критериуми, треба да ги исполнуваат и следниве услови:
2.1.да поседуваат еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2)
3.За исполнување на горенаведените критериуми и услови, кандидатите кон пријавата која е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија потребно е да достават:
-кратка биографија во која ќе бидат содржани податоци за претходното професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото;
-потврда за државјанство издадена од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата);
-диплома или уверение за завршено високо образование, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 3 (заверена кај овластено лице - нотар);
-потврда за неизречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата) издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд според местото на раѓање;
-изјава за исполнување на критериумот од точка 1 алинеја 5 (заверена кај овластено лице - нотар) и
-меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години.
Сите потврди, дипломата или уверението за завршено високо образование меѓународно признатиот сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, треба да бидат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар).
4.Рокот за доставување на пријави со потребните документи изнесува 30 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.
5.Изборот на кандидати за вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
6.Ненавремените и некомплетни пријави и документација нема да бидат разгледувани.
7.Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.
Скопје, 2 јули 2025 година