
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ве известуваме дека на 30. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 26 септември 2018 година (среда) во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:
- „Финансирање на малите и средните претпријатија преку банкарскиот сектор во Република Македонија ‒ резултати од анкетно истражување“, од авторите Тања Јакимова и Неда Поповска-Камнар и
- „Трансмисискиот механизам на монетарната политика во Македонија преку каналот на преземање ризици: наоди од податоците од Кредитниот регистар“, од авторите Мите Митески, Ана Митреска и Михајло Васков.
Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: [email protected].
Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}