ИЗВЕСТУВАЧ: Резидентите кои имаат состојба и промени на капиталот и меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања од и во странство. Кварталниот извештај за вложувањата од странство (образец КВС) и годишниот извештај за вложувањата од странство (образец ВС 22) го доставуваат резидентите кои врз основа на постапка за избор на примерок, се определени како известувачи и кои од Народната банка добиле писмено известување дека се избрани за известување.
РОК НА ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВС 22/11 се доставува годишно, а рокот на доставување на образецот е 15 март во тековната година, со податоци за претходната извештајна година; КВС 22 се доставува квартално, а рокот на доставување на образецот е 20 дена по завршувањето на извештајниот квартал.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ: Обрасците ВС 22/11 и КВС 22 се доставуваат во хартиена форма во Архивата на Народната банка или по пошта на адресата:
Дирекција за статистика Народна банка на Република Северна Македонија бул. "Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 1000 Скопје
СООПШТЕНИЕ: Соопштение за промените во известувањето за вложувањата во / од странство.
ЗАКОНСКА И ПОДЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА: Закон за девизно работење; Одлуката за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти.
УПАТСТВА: Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во странство.
ОБРАСЦИ: ВС 22/11 КВС 22
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Известувања за вложувања во и од странство.
НАЈЧЕСТO ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА: Преземи
КОНТАКТИ: [email protected] За образецот ВС 22/11: телефон: 02 3108 372, 02 3108 113, 02 3108 427, 02 3108 421 За образецот КВС 22: телефон: 02 3108 372, 02 3108 289, 02 3108 427
|