ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
- објавени во Службен весник на Република Македонија бр. 165/12 и 50/13
Во декември 2012 година и во април 2013 година Народната банка на Република Македонија направи одредени измени и дополнувања на „Одлука за методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/10), поточно на прилогот кон одлуката - „Методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“.
Овие измени се усвоени и објавени во Службен весник на Република Македонија број 165/12 и 50/13.
Измените на прилогот „Методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“ се дадени во документот подолу, во којшто се обележани сите измени и дополнувања во Методологијата
Преземи
- објавени во Службен весник на Република Македонија бр. 110/13
Во август 2013 година Народната банка на Република Македонија направи одредени измени на „Одлука за методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/10, 165/12 и 50/13) и на „Одлука за Сметковниот (Контниот) план за банките“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 81/11 и 152/11). Овие измени се усвоени и објавени во Службен весник на Република Македонија број 110/13.
Измените на „Методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“ се дадени во документот подолу, којшто содржи извадок од Методологијата кадешто се содржат измените обележани со текст во црвена боја.
Преземи
Измените на Сметковниот (Контниот) план за банките се дадени во документот подолу, којшто содржи извадок од Сметковниот план кадешто се содржат измените обележани со текст во црвена боја.
Преземи
- објавени во Службен весник на Република Македонија бр. 166/13
Во ноември 2013 година Народната банка на Република Македонија направи одредени измени во прилогот на „Одлуката за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/10, 152/11 и 54/12)“. Овие измени се усвоени и објавени во Службен весник на Република Македонија број 166/13.
Измените на „Финансиските извештаи за банките“ се дадени во документот подолу, кадешто истите се обележани со текст во црвена боја.
Преземи
- објавени во Службен весник на Република Македонија бр. 83/17
Во јуни 2017 година Народната банка на Република Македонија направи одредени измени и дополнувања и во целост објави нова „Одлука за методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“, вклучително и прилогот кон одлуката - „Методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/17).
Оваа Одлука ќе стапи во примена на 1 јануари 2018 година.
Измените на претходната верзија на прилогот „Методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи“ се дадени во документот подолу, во којшто се обележани со текст во црвена боја сите измени и дополнувања во Методологијата.
Преземи
Во јуни 2017 година Народната банка на Република Македонија направи одредени измени и дополнувања и во целост објави нова „Одлука за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките и белешките кон тие извештаи“, вклучително и прилогот кон одлуката - „Финансиски извештаи“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/17).
Оваа Одлука ќе стапи во примена на 1 јануари 2018 година.
Измените на претходната верзија на прилогот „Финансиски извештаи“ се дадени во документот подолу, во којшто се обележани со текст во црвена боја сите измени и дополнувања.
Преземи
Во јуни 2017 година Народната банка на Република Македонија направи одредени измени и дополнувања на прилогот 1 кон „Одлука за Сметковниот (Контниот) план за банките“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/17), кои ќе стапат во примена на 1 јануари 2018 година.
Измените на претходната верзија на прилогот 1 - „Сметковен план“ се дадени во документот подолу, во којшто се обележани со текст во црвена боја сите измени и дополнувања.
Преземи
Прашања и одговори - Методологија за сметководство и финансиски извештаи (Службен весник на РМ број 83/17), која ќе стапи во примена на 1 јануари 2018 година