Автори: Магдалена Петровска и Гани Рамадани
Неодамнешни инфлациски движења и базни ефекти во Северна Македонија: влијание врз толкувањето на инфлацијата и врз оцената на политиките
достапно само на англиски јазик
Во оваа анализа се истражуваат специфичните фактори коишто ќе влијаат на инфлацијата во Северна Македонија за 2026 година. Иако привремените административни мерки и ценовните шокови од 2025 година се поминати, нивното влијание сè уште се согледува во годишната стапка на инфлација. Анализата покажува како базичните ефекти го обликуваат нивото на инфлација во 2026 година и зошто е важно тие да се земат предвид при толкувањето на инфлациските движења. Во текот на 2025 година, привремените административни мерки за ограничување на маржите го намалија нивото на потрошувачките цени, особено кај храната, а откако се укинаа мерките, следеше приспособување на цените од страна на претпријатијата. Како резултат на тоа, врз динамиката на годишната стапка на инфлација во 2026 година одраз ќе имаат и овие флуктуации. Оттука при анализата на инфлациските трендови, важно е да се направи дистинкција помеѓу влијанието на механичките флуктуации и на фундаменталните фактори, како што се на пример растот на платите, затегнатоста на пазарот на труд, инфлациските очекувања.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}