Автор: Емилија Спироска
Индексот на Меѓународниот монетарен фонд за подготвеноста на земјите за вештачката интелигенција – анализа на земјите од регионот на ЦИЈИЕ
Во последните децении, технолошкиот развој го забрза процесот на дигитална трансформација во општеството и економијата, а вештачката интелигенција (ВИ) има потенцијал да биде клучен елемент на оваа трансформација. Во услови на сѐ поголемо влијание на ВИ, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изготви индекс со кој ја оценува подготвеноста на земјите за ВИ. Индексот со кој се оценуваат 174 земји, се однесува на дигиталната инфраструктура, човечкиот капитал, иновациите и економската интеграција, како и регулативата и етиката во доменот на ВИ. Најголемиот дел од анализираните земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ), вклучително и македонската економија, имаат вредност на индексот што е над просечното ниво за сите 174 земји, но во споредба со земјите од ЕУ, регионот на ЦИЈИЕ, главно е помалку подготвен за ВИ. Македонската економија се наоѓа на 77 место и е над медијаната, односно во горната половина од земјите. Во трудот се анализираат и поединечни показатели во доменот на дигиталната инфраструктура, човечкиот капитал, дигитализацијата на бизнисот, остварувањето на секторот за ИКТ, како и дигитализацијата на јавните услуги. Анализата на овие показатели овозможува да се добијат одредени сознанија за степенот на подготвеност на земјите од регионот на ЦИЈИЕ во споредба со земјите од ЕУ, за воведување нови технологии во општеството и економијата. Резултатите упатуваат на потребата за натамошни унапредувања во секој сегмент, но и на потенцијалот со којшто располага регионот за спроведување нови технологии, имајќи предвид дека голем дел од земјите бележат висок раст на дипломирани студенти по ИКТ, како и специјалисти по ИКТ во работната сила. Покрај ова, македонската економија се истакнува помеѓу земјите со повисок процент на компании коишто користат вештачка технологија, како и аналитика заснована на голем опсег податоци (англ. big data).
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}