достапно само на англиски јазик
автор: Билјана Јовановиќ
Извозот и остварувањата на фирмите во Северна Македонија: „одлука по сопствен избор“ или „учење преку работа“?
достапно само на англиски јазик
Извозот е значајна детерминанта на економскиот раст, а фирмите извозници имаат подобри карактеристики и резултати споредено со фирмите кои примарно произведуваат и работат на домашниот пазар. Целта на истражувањето е идентификување на причините кои би ги објасниле разликите помеѓу фирмите, а имајќи го предвид нивниот извозен статус. За таа цел во рамки на трудот тестирани се две комплементарни хипотези – хипотезата за „одлука по сопствен избор“ (англ. self-selection hypothesis) и хипотезата за „учење преку работа“ (англ. learning by doing hypothesis). Според првата хипотеза фирмите кои се поуспешни може да продаваат на меѓународниот пазар, односно нивната супериорност претставува „екс анте“ карактеристика. Според втората хипотеза извозниците се поуспешни како резултат на процесот на учење по започнувањето на извозните активности. Структуриран на ваков начин, трудот придонесува кон развојот на литературата посветена на истражување на врската помеѓу извозот и карактеристиките на фирмите извозници на примерот на една мала и отворена транзициска економија – Северна Македонија. Анализата е направена на примерок од 1.900 фирми кои работат во преработувачката индустрија за периодот од 2013-2017 година. Добиените резултати ја потврдуваат првата теорија, што е случај и со најголем дел од претходните истражувања спроведени за други економии. Комплементарно на овој наод, во истражувањето наоѓаме и резултати во корист на втората хипотеза што упатува на заклучок дека подобрите карактеристики на дел од фирмите-извозници се стекнати преку нивно учество во извозниот процес.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}