достапно само на англиски јазик | мај 2018
Автори: Даница Уневска-Андонова и Магдалена Петровска
Дезагрегација кај Окуновиот закон: случајот на Македонија
достапно само на англиски јазик
Во рамки на овој работен материјал се испитува врската помеѓу невработеноста и бруто домашниот производ, односно емпириски се тестира т.н Окунов закон. Постојаното намалување на невработеноста во македонската економија, а во услови на структурни реформи и економски раст во периодот по глобалната криза, повторно го актуелизира прашањето за стабилноста и природата на Окуновиот закон. Како генерален заклучок од истражувањето може да се подвлече дека Окуновиот коефициент за македонската економија е негативен, што е во согласност со теоријата, при што наспроти неколкугодишната опаѓачка динамика, некаде од средината на 2012 година, коефициентот се стабилизира, но и понатаму е на ниско ниво. Тоа упатува на помала респонзивност на невработеноста во однос на флуктуациите на бизнис циклусот, што веројатно во еден дел е одраз на високата структурна невработеност во Република Македонија. Дополнително, работниот материјал прави оцена и на реакцијата на невработеноста на промените на одделните компоненти на бруто домашниот производ, од аспект на побарувачката. Дезагрегираната верзија на Окуновиот закон посочува на поголемо влијание на компонентите на домашната побарувачка врз движењето на невработеноста.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
(мај 2018)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}