достапно само на англиски јазик
Автор: Анита Ангеловска-Бежоска
Централното банкарство во периодот по Глобалната економска криза
достапно само на англиски јазик
Светската финансиска криза доведе до преиспитување на целите, стратегиите и инструментите на централната банка, со посебен осврт на интеракциите меѓу монетарната политика и финансиската стабилност. Овој труд, меѓу другото, се осврнува и на недостатоците кои излегоа на површина за време на кризата, дебатите меѓу академските кругови и креаторите на политиките, како и на новото размислување за улогите и одговорностите на централните банки. Трудот исто така се осврнува и на влијанието на кризата врз улогата и задачите на Народната банка на Република Северна Македонија. Во последната деценија, законската рамка и оперативните практики беа изменети со цел зајакнување на овластувањето за одржување на финансиската стабилност и макропрудентната политика на централната банка, зајакнување на координацијата на финансиската стабилност меѓу регулаторните агенции, како и подобрување на микропрудентната супервизија. Беа направени големи надградувања на статистичката рамка со цел да се поткрепи одлучувањето за монетарната и финансиската политика. Покрај тоа, со оглед на важноста за зачувување на финансиската стабилност, особен акцент беше ставен на финансиската едукација и заштитата на потрошувачите.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}