Автори: Димитар Белчовски и Мирјана Серафимова
Анализа на ефектите од геоекономската фрагментација со посебен осврт на македонската економија
Анализата ги оценува ефектите од сѐ поголемата геоекономска фрагментација, како сериозен светски ризик, особено значаен за малите и отворени економии како македонската. За економија со висока зависност од светските трговски и финансиски текови, секоја промена во светското окружување има директни последици врз потенцијалот за раст. Таа ги опфаќа клучните промени во светското макроекономско окружување, зголемената неизвесност во последните години и мерките воведени од водечките економии, особено оние поврзани со трговијата на стоки и услуги, како и со капиталните текови. Преку секторско расчленување на овие интервенции, со посебен акцент на штетните мерки и најзасегнатите категории производи, се проценува потенцијалната изложеност на македонската економија на негативните ефекти од геоекономската фрагментација. Исто така, анализата се осврнува и на ефектите од руската инвазија врз Украина и од соодветните економски мерки воведени како реакција на конфликтот, како и на најновата трговска политика на САД. Резултатите покажуваат дека извозно ориентираните сектори, кои се интегрирани во меѓународните синџири на снабдување, пред сѐ металопреработувачката и автомобилската индустрија, се најизложени на негативните ефекти од растечката геоекономска фрагментација. Иако тековното влијание врз македонската економија е умерено, значително повисокиот број на штетни од бројот на корисни интервенции претставува ризик за целокупната економија. Овие наоди упатуваат на потреба од навремени и добро осмислени структурни реформи, насочени кон поголема отпорност и одржливост на економијата во услови на динамично и непредвидливо светско макроекономско окружување.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}