Во рамки на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на Република Северна Македонија, Народната банка ја организира истражувачката конференција во соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ). На овој настан ќе присуствуваат гувернери и вицегувернери на централните банки од регионот и Европа, како и претставници на меѓународни финансиски организации, научната заедница и банкарскиот сектор.
На настанот ќе се разговара за клучните предизвици за економиите во регионот - вклучително за климатската транзиција, економската отпорност, финансиската вклученост, иновациите и пост-пандемиската нова нормала – со особен осврт на приспособувањата на политиките по пандемијата, како и влијанијата од зголемената несигурност што произлегува од ескалацијата на геополитичките ризици во Источна Европа. Подобрувањето на пристапот до финансии за малите и средни претпријатија е уште една од темите коишто ќе бидат предмет на дискусија. За време на настанот ќе биде објавена и Годишната награда на НБРСМ за најдобар истражувачки труд во областа на макроекономијата и банкарскиот систем.
За да се пријавите за оваа конференција за онлајн учество, ве молиме пополнете го формуларот најдоцна до 26 април и испратете го на [email protected]. Физичкото присуство е на покана од организаторите.
Програма
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}