Пристапот во концепцијата на музејската поставка е хронолошки, почнувајќи од најраните примероци што биле ковани или употребувани на територијата на Република Северна Македонија, па сè до изданијата на современите македонски пари. Во таква рамка, изложените примероци тематски прикажуваат различни моменти од монетарната, економската, воената и културната историја. Постојаната музејска поставка за прв пат беше отворена на 25 април 2002 година.