Музејската едукација е наменета за посетители од различни старосни групи и различни интереси, стручни и популарни. При реализација на постојаната музејска поставка акцентот беше ставен на развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата што оставиле свој белег во историјата на државата. Општествените и културните збиднувања, што се одразиле врз иконографијата и дизајнот на парите, исто така имаат свое место во Музејот.

Музејот на Народната банка веќе 19 години едукативно дејствува преку своите публикации и постојаната музејска поставка, како алтернативен образовен простор. Почнувајќи од 2015 година, Програмата за работа на Музејот  е проширена со издавање материјали целно наменети за ученици на различна возраст.









Историско-документарен филм „Народна банка 70 години во служба на македонското општество“