Кредитен трансфер

Кредитниот трансфер е безготовински инструмент за плаќање, кадешто плаќачот дава инструкции на банката во која има отворено сметка да бидe префрлен одреден износ на средства на сметката на примачот. Инструкциите за иницирање кредитен трансфер може да се поднесат во хартиена или во електронска форма. Кредитниот трансфер е најраспостранет инструмент за безготовински плаќања во Република Северна Македонија, пришто иако хартиените налози имаат доминантно учество во извршувањето на кредитните трансфери, сепак електронските кредитни трансфери регистрираат забележителен раст. Иницијаторот на кредитниот трансфер во Република Македонија има опција да избира преку кој платен систем ќе биде извршено плаќањето (МИПС, КИБС или интрабанкарски системи за плаќање помеѓу клиенти на истата банка).