Камерна поставка

kamerna2

На 26 јули 1999 година Народната банка ја отвори својата прва, ексклузивна камерна изложба сместена во Кабинетот на гувернерот, а насловена како „Нумизматичка збирка на Народната банка на Република Македонија“. Низ осум витрини на посетителите им е презентирана приказната за скриените депоа на македонската почва, античките монети на Пајонија и Македонија, моќните римски денари, монетоковачницата во Стоби, сјајот на доцноримското и византиското монетоковање, па сè до средновековните и современите јубилејни изданија.

Kamerna3

kamerna5

kamerna4