Парите во современото време (19 – 21 век)
Парите што биле во употреба на македонската почва од крајот на 19 век до денес ги одразуваат политичките промени во регионот. Така, во оптек биле отоманските лири и бугарски левови, динарите на Кралството СХС, подоцна Кралство Југославија, како и парите на СФР Југославија. Со воведувањето на македонскиот денар во 1992 година започнува современата монетарна историја на независната македонска држава.

Филијалата во Скопје на Народната банка на Кралството СХС, подоцна Кралството Југославија, главно се занимавала со менични кредити. Почнувајќи од 1928 година банката кредитирала и трговија со опиум, при што како гаранција служела депонираната стока.

Првите книжни пари на кои е испишано името Македонија, на македонски јазик и со кирилско писмо биле произведени во Москва, летото 1944 година, речиси една година пред усвојувањето на македонскиот правопис и македонската азбука.

Во периодот од 1977 година до 1981 година, функцијата гувернер на Народната банка на Југославија ја извршувал македонскиот академик Ксенте Богоев.
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРИ: БАНКНОТИ
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРИ: МОНЕТИ