ДАЛИ ВИЕ УПРАВУВАТЕ СО ВАШИТЕ ПАРИ ИЛИ ВАШИТЕ ПАРИ УПРАВУВААТ СО ВАС?

Водич за подобро управување со вашиот буџет каде што планирањето и управувањето со личните финансии е претставено како важен сегмент од вашиот живот. 


СО ШТЕДЕЊЕ ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА СОНИШТАТА! 


Водич за тоа што претставува штедењето и како средствата што се заштедуваат можат да се користат подоцна.   


ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ПРЕД ДА ЗЕМЕМЕ КРЕДИТ

Водич во којшто се наведени препораки и правила за мудро задолжување: Како јасно да ја дефинирате целта за што ви се потребни парите од кредитот; Како да направите пресметка; и Што претставува презадлженост.


„Паметно управување со парите - Водич за личните финансии“ 

Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии.  При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели.