ЕДУКАТИВНА ИГРА НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - „ЗАРАБОТЕТЕ И ЗАШТЕДЕТЕ“

Опис на играта

                

Едукативната игра „Заработете и заштедете“ е наменета за младата популација преку која имаат можност да се забавуваат и да научат повеќе за вредноста на парите и за тоа дека со труд и работа се заработуваат пари. Со користење на разните финансиски можности во играта, од расположливите пари може да се оствари и дополнителна заработувачка.

Играта е осмислена така што играчот врши превоз на патници во повеќе нивоа и така заработува одредена сума пари за секое успешно завршено ниво, при што парите се впишуваат на неговата сметка, врз основа на која располага со платежна картичка. Во играта постојат повеќе опции за инвестирање и трошење на заработените пари, како што се: повлекување готовина од банкомат, орочување и повлекување орочени средства од штедна сметка во банка, можност за плаќање со готовина и платежна картичка при купување или продавање на автомобилот што играчот го управува. Доколку средствата се орочат во банка, при влез на секое ниво на играта се пресметува камата од 3% на вкупниот износ. Колку порано се вложат парите на штедна сметка, толку повеќе средства ќе има на сметката.

Во играта постои опција наречена „Предизвик“ во која играчот вози и собира македонски денари во форма на монети и банкноти во зададениот износ и за одредено време. Овие собрани пари во главната игра се впишуваат во полето на готовина. 

Во делот со назив „Поимник“ е даден опис на сите економски поими коишто се сретнуваат во играта. Едукативната игра е изработена врз база на објавен конкурс на Народната банка на Република Северна Македонија, а со цел поттикнување поголем интерес и стекнување на знаења од областа на економијата и финансиите кај младата популација.


  Преземете ја играта за Аndroid    (.apk file - 133MB)

  Преземете ја играта за Windows    (.zip file - 146MB)



Скопје, октомври 2018 година