Давателот на платежните услуги е должен на потрошувачот да му даде информација за надоместоците за најчесто користените услуги во форма на Информативен документ за надоместоците (ИДН), пред потрошувачот да се обврзе да ги користи неговите платежни услуги со склучување на рамковниот договор.

Приказот 1 ги содржи сите актуелни информативни документи за надоместоците во Република Северна Македонија. Приказот 2 овозможува споредбен преглед на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка.

Во случај на промена на некои од објавените податоци и информации, давателите на платежните услуги се должни веднаш да ја известат Народната банка на Република Северна Македонија, заради нивно навремено ажурирање. Давателите на платежните услуги се одговорни за точноста на податоците и информациите, како и за нивното навремено доставување. За неточните информации во врска со објавените надоместоци можете да известите на [email protected].