Народната банка овозможува вршење електронски платен промет со странство за државата и државните органи. Електронското банкарство се врши преку апликацијата еБанк за процесирање на следниве трансакции:
- Обработка на наплати од странство, доставување известување (образец 743) до корисникот на наплата и распоред на средствата врз основа на напатствија од корисникот;
- Спроведување налози за извршување дознаки за плаќање во странство и за плаќање во корист на нерезидентни сметки во земјата (образец 1450); и
- Спроведување налози за подигање ефективни странски пари за службени патувања (образец 1450).
Право на користење на апликацијата еБанк имаат овластени корисници на коишто им се дефинирани овластувањата за работење со неа. За таа цел, институцијата треба да ги достави следниве документи до Народната банка, поточно, до Дирекцијата за платни системи:
- Барање за доделување привилегии на лицата регистрирани за работење со апликацијата за електронско банкарство (во оригинал) - со податоци за лицата коишто ќе се регистрираат на апликацијата и видот на доделените овластувања, потпишано од овластено лице (Барање за доделување привилегии);
- пропратно писмо за доставен документ;
- последна тековна состојба од Централен регистар за овластените потписници од вашата институција; и
- копија од потписните картони на овластените потписници.
За да можат да ја користат апликацијата, корисниците треба да поседуваат дигитални сертификати издадени од јавни издавачи на сертификати во Република Северна Македонија, имајќи предвид дека сите податоци коишто се внесуваат во базата на податоци претходно треба да бидат дигитално потпишани од страна на корисникот.
Деталите за користење на апликацијата се дадени во упатството „Технички инструкции за веб-апликацијата eBank за државните институции“