Одлука на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија
Одлука на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија
Совет за етика во медиумите на Македонија
ОДЛУКА
На Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по жалбата на Народната банка на Република Македонија, за текстот со наслов „Груевци во паника од пораз масовно ги вадат парите од земјава, Народна банка со извештај со одливот на девизи!“, објавен на 02.12.2016 година на Интернет порталот Мактел (www.maktel.mk)
ЖАЛБАТА Е ОСНОВАНА
Кодексот на новинарите на Македонија е прекршен во членовите 1, 13 и 14.
Член 1.
„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“
Член 13.
„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“
Член 14.
„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“
Се обврзува Интернет порталот Мактел (www.maktel.mk), во согласност со членот 18 од Деловникот за работа на Комисијата за жалби, да ја објави одлуката на Комисијата за жалби.
Одлука на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}