Скопје, 14.12.2000 година
Соопштение на НБРМ
Во текот на денешниот ден во Република Македонија пристигна г-ѓата Сузан Шадлер, заменик директор на одделот Европа И во Меѓународниот Монетарен Фонд. За време на својата дводневна посета на Република Македонија, г-ѓата Шадлер ќе оствари средби со претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Љубчо Георгиевски, со гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г-дин Љубе Трпески, со министерот за финансии, г-дин Никола Груевски, и со повеќе министри од Владата на Република Македонија.
Имајќи предвид дека г-ѓата Шаделер е директно инволвирана во следењето на аранжманот што Република Македонија го има со Меѓународниот Монетарен Фонд, тема на разговорите за време на нејзината посета на Република Македонија, ќе биде практичната имплементација на програмата со ММФ, во доменот на монетарната, фискалната и надворешната политика. Во таа смисла, за време на нејзината посета на Народна банка на Република Македонија се разменија мислења за банкарскиот сектор, за инструментите на монетарната политика и нивната ефикасност во управувањето со ликвидноста во банкарскиот систем, за координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика, како и за функционирањето на одделот за проблематични банки во рамките на Дирекцијата за супервизија при Народната банка на Република Македонија.
На крајот од разговорот, г-ѓата Шадлер изрази задоволство од напредокот во структурните реформи во областа на претпријатијата и банкарството, направени во рамките на претходните активности потребни за склучување на аранжманот со ММФ, што и дава уверување дека Република Македонија ќе успее да го имплементира успешно аранжманот со ММФ, кој својот прв тест ќе го има на крајот од март 2001 година, кога и ќе биде направена неговата прва ревизија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}