По повод зголемениот интерес што го покажаа денес медиумите за движењата на девизниот пазар и девизниот курс на денарот, Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста за следното:
Скопје, 14.04.2003 година
Соопштение на НБРМ
По повод зголемениот интерес што го покажаа денес медиумите за движењата на девизниот пазар и девизниот курс на денарот, Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста за следното:
Стабилниот курс (де факто фиксниот курс) на денарот во однос на еврото на ниво од 61,5 денари за едно евро е договорен со писмото за намери со Меѓународниот Монетарен Фонд во рамките на “Stand by” аранжманот и нема промени на тој план. Движењата на девизниот и менувачкиот пазар од почетокот на годината се урамнотежени и курсот на денарот во однос на еврото одговара на понудата и побарувачката на тие пазари.
За евентуални промени на режимот на курсот на денарот од фиксен кон раководечко флуктуирачки, може да стане збор само по завршувањето на аранжманот со Меѓународниот Монетарен Фонд, кој е договорено да трае 14 месеци.
Ова соопштение Народна банка на Република Македонија го издава со цел правовремено да ја информира јавноста и да спречи граѓаните да не наседнуваат на било какви шпекулации пласирани преку пооделни медиуми.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}