Euromoney Training во соработка со Народна Банка на Република Македонија го организира семинарот под наслов "Управување со активата и пасивата"
Скопје, 11.05.1998 година
Како одговор на барањата од финансиските институции, Euromoney Training во соработка со Народна Банка на Република Македонија го организира семинарот под наслов "Управување со активата и пасивата". Оваа програма ќе се одржи за прв пат во Македонија од 11 до 15 мај, 1998 година како дел од стратегијата на Euromoney за развој на активни ангажмани во регионот и промовирање на градот Скопје како Центар за финансиска обука на Балканот. Во соработка со Народна банка на Република Македонија Euromoney издаде брошура во боја со која овој семинар се промовира во сите соседни земји. Освен тоа, 5000 копии од брошурата се испратени во сите поголеми финансиски институции во Централна Европа.
Експертот предавач г-дин Keith Corsby е специјалист по Трезорско работење и Управување со активата и има широко искуство во советувањето на клиентите во поглед на управувањето со каматните стапки и девизните ризици. Г-дин Corsby претходно работел како Помошник директор на трезор во Portman Building Society каде бил одговорен за управување со ликвидноста и билансот на состојба. Претходно работејќи во една голема банка во САД и компанијата Форд, г-дин Corsby има стекнато екстензивно искуство во многу области, вклучувајќи структурирање и примена на стратегии за управување со ризикот при специфични изложувања, како и практичните аспекти на водењето на корпоративен трезор.
Се определивме за Управување со активата и пасивата бидејќи постои значителна побарувачка на пазарот, кој постојано се менува, поголем предизвик во поглед на оптималната алокација на капиталот и поголема непостојаност на глобалниот финасиски пазар. За финансиските професионалци како што се централните банкари, раководните финансиски службеници, менаџментот на банките и корпоративниот менаџмент е се поважно да ги дефинираат, одмерат, надгледуваат и управуваат сите форми на финансиска изложеност како што се девизниот, каматниот ризик и ризикот од неликвидност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}